(ФОТО) „ПРЕМНОГУ СЕ МРАЧНИ“ – Не се сите воодушевени од новите фотографии на Ријана: Ова изгледа како сцена од хорор филм

Ријана со партнерот АСАП Роки и деветмесечниот син, чие име се уште не го открива, се појавија на насловната страница на британскиот Vogue, но не сите се воодушевени од фотографиите.
Имено, на некои од фановите воопшто не им се допаднала нејзината фризура и сметаат дека косата изгледа „изгорено“, но мнозинството коментирале дека овие фотографии се „премногу мрачни“.

View this post on Instagram

A post shared by badgalriri (@badgalriri)


„Сè е толку црно, мислам дека ова не е најдобриот избор за позирање со бебе“, „Никогаш не сум видел потемни семејни фотографии“, „Вог овој пат згреши. Ова изгледа како сет од хорор филм“, „Ова не дава никаков впечаток на нежно мајчинство како што треба“, продолжуваат критиките.
На фотографијата избрана за насловна, Ријана гордо оди напред додека нејзиниот партнер го носи нивното синче. Некои веруваат дека пејачката изгледа предоминантно.


View this post on Instagram

A post shared by badgalriri (@badgalriri)


„Јасно е кој во оваа врска ‘ги носи панталоните’“, „Ова ми изгледа како да има две деца“, „Маж треба да води семејство, ова воопшто не изгледа природно“, напишале незадоволните обожаватели.
За потсетување, пејачката за време на својот настап на овогодинешниот Супер Боул откри дека е бремена со своето второ дете само девет месеци откако го роди својот прв син.

Фото: Принтскрин/Instagram/Vogue

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …