(ВИДЕО+ФОТО) Сале – СРВ за „скршените срца“ на заљубените чиј свет се урива пред „двете лица на љубовта“ во рок баладата – „Зошто да ти верувам?“

Македонскиот рокер и познат музички менаџер, Сашко Андриески, попознат како Сале – Рокер или Сале СРВ, по последните свои песни и неколку кавер верзии, како оние на познатите хитови на Галија или Азра, има нова авторска песна. Задржувајќи го својот препознатлив рокерски стил, овој пат македонскиот музичар ја промовира својата рок блада насловена „Зошто да ти верувам?“

Останувајќи доследен на својата музичка определба, македонскиот рокер овој пат лириката во љубовните стихови напишани заеднички со стариот проверен лиричар Огнен Неделковски ја преточил во балада за „скршените срца“ на заљубените чиј свет се урива пред „двете лица на љубовта“. Аранжманот на песната го потпишува Драган Ристовски во чие студио е и снимена песната.


This image has an empty alt attribute; its file name is sale.jpg

Продолжувајќ ја старата традиција дел од големите музички ѕвезди со кои како менаџер Сале -Рокер работи при договарање и организација на нивните настапи низ Македонија, тие да му гостуваат на неговите песни и овој пат уште едно големо музичко име од регионот се појавува како дел од овој проект.

Имено, легендарниот лидер и гитарист на култната хард рок група „Дивље Јагоде“Зеле Липовача ги свири гитарските делници на песната, во која неговата препознатлива гитарска боја и начин на свирење оставаат дополнителен личен печат.  Песната, покрај македонската има и српска верзија, насловена како „Кад су речи ратници“   чиј српски текст е дело на Сефо Дуративиќ, инаку член на придружниот бенд на Ален Исламовиќ.


This image has an empty alt attribute; its file name is sale-2.jpg

Песната е визуелизирана со едноставно студиско видео прошаранао со инсерти на прошетката на една љубовна двојка во Градскиот парк во Скопје, а неговата реализација повторно ја потпишува ДРД студио, односно Драган Ристовски како камерман и монтажер на спотот.

Како сето ова спакувано звучи и изгледа во рок баладата „Зошто да ти верувам“ на Сале-СРВ, проследете од видеото во продолжение:


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …