(ФОТО) Пред и после: Страшни фотки од куќа која со години НЕ Е ЧИСТЕНА – причината е МНОГУ ТАЖНА!

Дали сте меѓу луѓето кои кога ќе го прескокнат редовното неделно чистење, не можат да издржат прашина и нечистотија, дури стануваат и нервозни? Сега замислете куќа која не била исчистена со години. Шест лица влегле во едно такво хорор дувло со цел да го доведат во ред, а фотографиите од трансформацијата се навистина неверојатни.


Купишта ѓубре, мувла и наслаги,икојзнае што, пронашла екипата за чистење која влегла во домот на 80-годишен маж.
Откако неговата сопруга починала, тој престанал да ја одржува хигиената, па шесте лица кои дошле да чистат во воена опрема, работеле вкупно 50 часа за да ги вратат просториите во состојба на функционоалност.



Неверојатните фотографии пред и потоа ја покажуваат огромната работа што ја завршиле Ема Лиа Далтон и нејзиниот тим.
„Жалосно е што е достигната оваа точка, но за среќа ни се јави пријател на човекот чија куќа е и побара помош. Во спротивно, тој би продолжил да живее во овие услови“, рекла Ема.


Таа исто така објаснила дека никој не треба да се срами ако се најде во слична ситуација.



„Ваквите работни места се повеќе од чистење. Се надевам дека другите ќе разберат дека не треба да се срамиме од оваа ситуација и дека секогаш има решенија, само треба да прашате“, заклучила таа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …