(ФОТО) Познатиот пејач нема да настапи на Греми наградите поради последиците од Алцхајмеровата болест

ПОПУЛАРНИОТ американски пејач Тони Бенет нема да настапи на овогодинешното доделување на Греми наградите поради последиците од Алцхајмеровата болест, пренесува Variety. Веста ја потврди синот на пејачот Дени Бенет.
Имено, Тони бил поканет да настапи со Лејди Гага во Лас Вегас.

“Тој е среќен што нивниот албум Love for Sale е номиниран во дури шест категории. Сепак, Алцхајмеровата болест го направи своето и решивме дека е најдобро за неа да настапи сама”, изјавил Дени. Тони ќе ја следи изведбата на песната на Гага од неговиот дом во Њујорк.



За потсетување, на Тони му беше дијагностицирана Алцхајмерова болест во 2016. година. Дени минатата година објави дека татко му оди во пензија и дека повеќе нема да настапува. Неговиот последен настап беше минатиот август во Radio City Music Hall во Њујорк Сити.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …