Шпанскиот актер Антонио Бандерас доживеа срцев удар во 2017 година, а денес вели дека извлекол неколку позитивни заклучоци од тоа. Имено, инцидентот му помогнал да го види својот живот од поинаков агол.
„Сфатив дека тоа е веројатно една од најдобрите работи што ми се случиле, бидејќи одеднаш сè стана неважно, а работите што ме загрижуваа секој ден станаа бесмислени. Помислив зошто ‘си ја кршам главата’ кога ќе умрам?”, изјавил Бандерас за Page Six.
Конечно, тој почнал да се „одвојува“ од работите за кои „порано мислел дека се важни, но не биле“, изјавил холивудскиот актер. Тој тврди дека сега знае дека семејството, пријателите и неговиот „актерски повик“ се многу поважни.
Во тоа време животот му го спасила неговата долгогодишна партнерка Никол Кимпел, изјавил Бандерас во едно интервју. Таа брзо реагирала и му дала аспирин, а Бандерас не претрпел долгорочна штета од срцевиот удар.
View this post on Instagram
Неговата поранешна сопруга Мелани Грифит се уште е негова најдобра пријателка
Во интервју за Vulture, Антонио Бандерас неодамна изјавил дека неговата поранешна сопруга Мелани Грифит се уште е негова најдобра пријателка и дека нема ништо друго освен пофалби за неа.
„Не сум оженет со Мелани, но таа сепак е мое семејство. Можам со сигурност да кажам дека ми е најдобра пријателка. Тие се уште се моето семејство – Дакота, Стела и Александар”, рекол шпанскиот актер.
Антонио Бандерас и Мелани Грифит се запознале на снимањето на комедијата „Two Much“ и веднаш почнале да се забавуваат, по неколку недели решиле да се венчаат и истата година ја добиле ќерката Стела. Актерката во претходните бракови ги имаше ќерката Дакота Џонсон и синот Александар Бауер, а Бандерас ги прифатил како свои деца. Мелани и Антонио беа во брак 19 години.
Фото: Принтскрин/Instagram