Хајди Клум, кралица на црвениот тепих
Познатата манекенка Хајди Клум (49) се појави на премиерата на филмот „Avatar: Paths of Water“, облечена според темата на филмот. На црвениот тепих прошета со 16. години помладиот сопруг, музичарот Том Каулика (33).
View this post on Instagram
Хајди секогаш знае да направи приказна од својот стајлинг, без разлика дали се работи за појавување во шоу, дотерување за Ноќта на вештерките, а тоа беше случај и овој пат. Таа се појави во бел фустан од „пајажина“, инспириран од океанот и водата, па во ова лелеаво издание изгледаше како медуза која лебди на црвениот тепих.
Многумина беа воодушевени од овој изглед, па дури и се обидоа да направат своја верзија на „водениот фустан“ користејќи проѕирна кујнска лента.
View this post on Instagram
Ова многу и се допадна на манекенката, па ја поздрави креативноста и со објавата напиша: „Го сакам ова!“
Фото: Принтскрин/Instagram