(ФОТО) ПОВТОРНО СЕ ПОЈАВИЛА ВО ЈАВНОСТ – Љубовницата на Путин одржала говор кој сите го пренеле, а вниманието го украла буквата која се истакнувала зад нејзиниот грб

Алина Кабаева одржала интересен говор на патриотскиот балетскиот фестивал за гимнастика, кој го пренеле сите светски медиуми и пренесуваат дека победата над нацизмот во Втората светска војна бившата гимнастичарка ја поврзала со денешните настани во Украина.

View this post on Instagram

A post shared by Ekaterina Sirotina (@ekaterina_sirotina_official)



Освојувачката на златниот олимписки медал и „најфлексибилнатаРусинка“ Алина Кабаева, која наводно со години била љубовница на рускиот претседател Владимир Путин, минатата недела по прв пат се појавила во јавноста по руската инвазија на Украина.

Таа дошла на тренингот за јуниорска ритмичка гимнастика во московската ВТБ арена во пресрет на хуманитарниот „Алина фестивал“, а на фестивалот за патриотска балетска гимнастика одржала интересен говор што го пренесоа сите светски медиуми и известуваа дека таа победата над нацизмот во светот во Втората војна ја поврзала со денешните настани во Украина.



– Оваа прослава не е само за целата земја, ова е празник за секое семејство. Секое семејство има своја воена приказна и не смееме да ја заборавиме, туку да ја пренесуваме од колено на колено – рекла Алина притоа вниманието го привлекол плакатот на кој била истакната буквата З, која се истакнува на воените возила и опрема што ја користеле руските војници за време на инвазијата во Украина.
This image has an empty alt attribute; its file name is alina-kabaeva-1-1024x682.jpeg
Daily Mail пренесува дека децата гимнастичари од различна возраст на ова шоу биле облечени во воени униформи и изведувале кореографија инспирирана од советската победа во Втората светска војна.
Кабаева неодамна беше цел на американското Министерство за финансии по инвазијата на Путин на Украина во февруари, но властите во Вашингтон заклучиле дека нејзиното санкционирање може да ги ескалира тензиите меѓу Русија и Западот.
Кога се појавила на хуманитарниот фестивал, сите коментирале како се променило нејзиното лице и многумина веруваат дека Алина, како и Путин, направила естетски зафати или барем третмани со ботокс.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …