(ФОТО) ПОУБАВА СТРАНА НА ЖИВОТОТ: Честитки за ДНК за хуманитарната работа – „Вие само треба да знаете дека има луѓе кои следат и знаат дека немате лоши намери и за тоа не забораваат и Ве респектираат!“

ДНК на својот профил на Фејсбук објавија порака од личност која ги следи не само со музиката туку и нивната хуманитарна работа…И, треба да се гордеат со себе бидејќи секогаш наоѓаат начин да помогнат…
Денес срцата ни ги стопли Марјан од Велес. Иљада лоши коментари ги брише само еден ваков искрен текст испратен од срце. Ти благодариме за поддршката, ова ни е огромна мотивација и воедно ни значи повеќе од секоја награда, напишаа Панчо и Андреј за примената порака…
„Здраво Панчо и Андреј,
Не Ви пишувам во врска со Вашата музика која заедно со музиката на Лозано и Каролина е единствена која ја одржува во живот замренава мак сцена, оти на луѓево веќе и не им е до песна и во Македонија скоро и да нема музика. Вие сте единствена светла точка, кои имате и квалитет и континуитет, впрочем затоа и траете веќе 20год. И тоа зборува само за себе.
Но јас Ви пишувам во врска со Вашата хуманитарна работа. Пред се морам да искажам благодарност и целосна поддршка за Вашите напори.
Просто се најдов предизвикан познавајќи ја природата на македонскиот народ. Не можам да генерализирам секако(како и со се останато), но искуствено знам дека улиците ни се полни со хејтери, негатори, дефетисти, интернет тролови, лоши и малициозни луѓе. Луѓе кои секоја прилика перфидно ја користат. Ама хеј, во секоја корпа има по некое расипано јаболко. Така и со вашата хуманитарна работа сум просведочил неколку прилики каде сте најмалициозно напаѓани дека само вршите себепромоција, дека барате медиумска атенција и дрн дрн дрн. Класика. Видено, чуено, проверено. Такви човечиња сум искусил насекаде.
Вие само треба да знаете дека има луѓе кои следат и знаат дека немате лоши намери и за тоа не забораваат и Ве респектираат. Не сум ја заборавил поддршката и помошта која ја пруживте при пожарот на Велешко Езеро, сеуште се сеќавам на милата бабичка што мораше да седи и продава цвеќиња на улица за да ја поткрепи трошната пензија, и секако семејството од Ерџелија чиј случај го актуелизиравте, и многу други за кои се знае и не се знае.
Дури и да не сте помогнале финансиски(а секако дека не е така), доволна е актуелизација на нивните случаи за да се запознаат и други луѓе со добри намери кои можат и сакаат да помагаат. Во Македонија сеуште има добри луѓе
Ви благодарам и Ве поздравувам
Секое добро
Марјан, Велес“


Фото: Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …