(ФОТО) Поради карцином и ги извадиле ДВЕТЕ ГРАДИ, а потоа дознала за СТРАШНАТА ДИЈАГНОЗА: „Се тресев кога ми кажаа“

Октомври е месец на борбата против ракот на дојката, злобна болест која не штеди и не избира. Многу познати жени се соочиле и со овој облик на рак. Некои успеаја да го победат (Кајли Миног, Шерил Кроу, Линда Евангелиста, Ел Мекферсон), додека други, и покрај големите напори и волја за живот, ја загубија битката (Оливија Њутн Џон, Шенен Доерти). Кристина Еплгејт е меѓу победничките.
За жал, по долга битка со ракот, актерката Кристина Еплгејт се нашла пред нов здравствен проблем – мултиплекс склероза, што и го отежнува животот. Не постои лек за оваа болест, но нема ниту предавање.
Кристина дознала дека има рак кога била на врвот на кариерата. Сè се променило во 2008 година, кога и била дијагностицирана.
– Беше тешко да се прифати тоа сознание. Се тресев кога ми кажаа. Но, не губев време, веднаш се префрлив на нов начин на живеење и размислување. Еден дел од тој процес беше свртувањето кон поздрава исхрана.


                                                                                           Кристина Еплгејт со нејзината ќерка

Ракот бил откриен во рана фаза, па шансите за опоравување биле големи. Кристина тогаш имала 36 години. Токму затоа таа често ги охрабрува жените редовно да одат на мамографија уште пред да наполнат 40 години.
Во процесот на лекување, таа била подложена на мастектомија. Двете дојки и биле отстранети, иако имала рак само во едната.
– Понекогаш ми недостигаат големите гради. Но, се навикнувам на животот со новите – изјавила убавата актерка, позната по специфичната смисла за хумор.
Дека генетиката е еден од факторите на ризик покажува и податокот дека и мајката на Кристина имала рак на дојка. Бидејќи во нејзиниот случај тоа било откриено во рана фаза, таа била во можност да се излечи.


Кристина се врати на работа, ја видовме во популарни и наградувани серии, но потоа филмот повторно беше прекинат. Овој пат, можеби засекогаш. Во август 2021 година, таа објави дека и е дијагностицирана мултиплекс склероза, а неодамна дознала дека има 30 лезии на мозокот.
Иако е свесна со каков сериозен непријател води војна, ѕвездата од „Брачни води“ не ги губи духот и енергијата. Таа искрено зборува за сето она низ кое поминува и е инспирација за многумина кои се соочуваат со истите проблеми.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неопходен минерал кој телото не го произведува – 8. намирници ќе го надоместат

Магнезиумот е минерал кој е неопходен за општото здравје на организмот и урамнотежено, добро расположение. …