(ФОТО) Полнет печен кромид

Состојки:
по потреба главички кромид
300 г. мелено месо
зачини сол, бибер, провансалска мешавина
по потреба/желба парчиња сланина
Подготовка: кромидот исечете го и исчистете го од лушпите. Делот кој што сакате да ви биде дно на кромидот исечете го порамно за да може убаво да стои.
Меленото месо пригответе го како што сакате. Можете да додадете едно јајце и лебни трошки. Но, можеи и само месо, кромид и зачини.
Средината на кромидот исечете ја со нож, исецкајте ја на ситни парченца и измешајте ја со меленото месо. Прстенот од кромид наполнете го со меленото месо.
Доколку сакате кромидот можете да го завиткате во парчиња сланина или само да го поклопите со сланина како капаче.
Печете на 180 степени 40. минути. Не треба да се пече на јака температура за да може да се испече внатрешноста.
Доколку сакате полнењето може да биде по ваша желба со зеленчук и слично или меленото месо малку да го запржите пред да го наполните кромидот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …