Руската ТВ-starвезда и сексуален терапевт, Ана Амбарсумијан (26) била пронајдена мртва во луксузниот хотел „Питер Први“ во Москва пред пет дена, а шпекулациите за нејзината смрт оттогаш не престанаа.
За да ги побие гласините, пријателката на Ана, Дарија Бахирева, решила да зборува со руските медиуми.
Дарија ги коментирала тврдењата на адвокатот Сергеј Зхорин, кој рекол дека Ана должела пари и се плашела од луѓето што и ги дале.
Дарија рекла дека сето тоа е лага и дека Ана никогаш не позајмила пари затоа што тоа било едно од нејзините правила. Бидејќи била од богато семејство, не требало да го стори тоа.
Таа, исто така, ги отфрлила написите од некои медиуми тврдејќи дека покрај телото е пронајдено празно пакетче лекови против болки и дека Ана се самоубила.
„Таа беше оптимист, весела и никогаш не се откажуваше. Ана рече дека наркотиците се најголемото зло на 21 век“, рече Дарија.
Потсетиме, адвокатот Сергеј Зхорин рекол дека Ана му кажала непосредно пред нејзината смрт дека и се заканувале за наплатата на долгови и тоа луѓе кои се многу агресивни и од кои се плаши. Тој вели дека ја познавал површно Ана а му открила дека ја следат за пари кои ги позајмил нејзин пријател а не таа.
Ана била во брак со рускиот бизнисмен Руслан, и била популарна кај богатите и славни кои плаќаа за нејзините услуги за прорекнување и советување и и подарувале скапи подароци за нејзината помош.