(ФОТО) По 50 години кариера – Сузана Манчиќ открила колкава и е пензијата: „Понекогаш можеш да си дозволиш нешто што сакаш, но и да се нема не е страшно“

Сузана Манчиќ, најпознатата лото девојка во поранешна Југославија, проговори за тоа колку пензија добива по 50 години кариера.
„Понекогаш имаш пари и можеш да си дозволиш нешто што сакаш, но и да немаш не е страшно. Страшно е кога немаш пари за лекови, за некои основни работи, но фала богу пензијата доаѓа. Некому реков колку ми е пензијата, тогаш порталите се запалија како: ‘Скандалозно е колку и е пензијата на Сузана Манчиќ – 53.000 динари (околу 26.500 денари)’. Па, добро за не дај Боже, луѓето живеат од толкава пензија“, изјавила таа за Blic.rs.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by BLIC TV (@blictelevizija)


Таа додала дека штедела во работниот век и дека сега е задоволна од пензијата.
„Имав рационален и штедлив момент, да не речам на пирочански. Потрошив половина, половина ставив на страна, така што во животот главно стекнував. Од таа пензија може да се живее, особено кога работиш нешто друго на страна“, вели таа.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana Mancic (@suzanamancicofficial)

Таа е горда на својата 50-годишна кариера, која ја започнала во светот на музиката. После тоа, таа работеше на телевизија. Таа правеше паузи од работа, но не предолги.
„Би сакала да ја завршам кариерата со убава песна. Дома имам добар текстописец, а тоа е ќерка ми Теодора, која ми вели дека мора да бидам емотивно вклучена. Сега го чекаме тоа, работиме на тоа“, изјавила и таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana Mancic (@suzanamancicofficial)

Фото: Принтскрин/Instagram/suzanamancicofficial

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неопходен минерал кој телото не го произведува – 8. намирници ќе го надоместат

Магнезиумот е минерал кој е неопходен за општото здравје на организмот и урамнотежено, добро расположение. …