(ФОТО) „Пица леб“: Убав деликатес кој го обожуваат и’ малечките и големите гурмани

Ова е всушност леб кој има вкус на пица бидејќи во него се наоѓаат сите состојки. Одличен е за вечера, но и практичен – секој со рака го кине своето парче така што нема валкани чинии

Состојки:
350 г брашно
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
5 г сув квасец
2 јајца
80 мл вода
60 мл млеко
80 г путер
парирани домати
130 г шунка
180 г моцарела
оригано
маслиново масло
1 лажичка лук во прав


Подготовка:во сад ставете брашно,шеќер, сол и сув квасец. Во млекото, на ниска температура, истопете го путерот. Долијте вода и оставете да се излади додека течноста не стане млака. Додајте ги и изматените јајца па измешајте со сувите состојки.Замесете тесто, покријте и оставете да стасува додека не го удвои волуменот.
На работна површина наросена со брашно расукајте го тестото во правоаголник со страни од 50. см и исечете на 5. еднакви ленти. Намачкајте со сос од домати, додајте рендана моцарела и шунка и наросете со оригано.
Лентите наредете ги една на друга па исечете на 4 еднакви делови. Наредете ги вертикално во калап покриен со хартија за печење, покријте и оставете на топло 20. минути.
Печете во рерна загреана на 180. степени, околу 15. минути. Извадете и површината на лебот намачкајте ја со маслиново масло измешано со лук. Вратете во рерна и оставете да се пече уште 15. минути.
Испечениот леб оставете го во калапот околу 10. минути а потоа извадете и сервирајте.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велики петок

Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос …