(ФОТО) Пар за кој ќе се зборува: Моника Белучи има ново момче

Роден е нов холивудски пар
Италијанската актерка Моника Белучи и филмскиот продуцент Тим ​​Бартон тајно се забавуваат четири месеци, пишува Paris Match.
Двојката првпат се запознала пред 16 години, но наводно се заљубиле откако се виделе на Филмскиот фестивал во Лион во октомври. Моника (58), која беше почесен гостин на фестивалот, на Тим (64) му ја врачила наградата за животно дело.
Paris Match објави фотографија на која се шетаат низ Париз „рака под рака“.

View this post on Instagram

A post shared by Paris Match (@parismatch)


Моника е сингл откако се раздели со уметникот Николас Лефевр во 2019 година. Таа претходно беше во брак со Винсент Касел од 1997 до 2013 година. Има две ќерки, Дева, која е родена во 2004 година и Леони, која е родена во 2010 година.
Тим никогаш не бил оженет, но имал долга врска со Хелена Бонам Картер и имаат две деца.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …