(ФОТО) Памела Андерсон ќе се мажи: Францускиот репрезентативец клекнал на колена!?

Фудбалерот на националниот тим на Франција на Мундијалот, Адил Рами (32), е на чекор со својот тим да го освои Светското првенство, а странските медиуми сега пишуваат уште една убава вест – дека ја запросил Памела Андерсон (51).


Глумицата и бившата Плејбој зајачица е во Русија каде од трибините го бодри својот дечко и тоа во друштво на францускиот претседател Емануел Макрон и катарското кралско семејство, но она што за малку на сите им „избегало“ било дека Памела носела дијамантски прстен.


Поради тоа, многумина сметаат дека таа и фудбалерот се свршиле, како и дека наскоро може да се очекува и свадба. Тие двајца се заедно повеќе од една година и живеат заедно во Франција.

@olympiquedemarseille @bencremel 🤙🏽


A post shared by Adil Rami (@adilrami) on

„Фантастичен е, го сакам, секако. Човек мора да биде храбар и да ужива во се. Многу ми е важен и убаво се согласувме. Којзнае уште колку овој свет ќе трае со оглед на тоа во кој правец оди. Тогаш можете и да уживате во сето она околу вас“ рекла неодамна во интервју за The Sun.

Памела има два сина,Брендон и Дилан, од бракот со музичарот Томи Ли кој со многу проблеми е завршен во 1989. година. Глумицата кусо била во брак и со музичарот Кид Рок, а дури два пати, неуспешно, се мажела за продуцентот Рик Соломон.

„Сакам повторно да се омажам. Но, многу пати бев во брак до сега“ истакнала порано Памела.
Рами е татко на близнаци, Зејн и Меди кои во 2016. година ги добил со бившата девојка Сидона Бијема.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …