(ФОТО) Овој малечок се родил со само 258. грама: Бил премалечок дури и за инфузија а еве како изгледа после пет месеци…

Малечкото јапонско бебе кое на раѓањето било тешко само 258. грама и долго 22. сантиметри после пет месеци од болница е пуштено дома.
Според зборовите на доктор Такехико Хирома од Детската болница во Нагано, бебето е здраво и сега има 3,37 килограми.
Јапонските медиуми објавиле фотографија и снимки на кои се гледа како мајката Тошико Секино пресреќна го држи своето бебе Ријусук.
Мајката на новинарите им рекла дека прво многу се грижела бидејќи бебето било толку нежно и зо прозирна кожа но дека сега може да го дои.


Рекла дека се радува што конечно својот син ќе може да го однесе дома и избања, пренесува АП.
„Имаше потешкотии во третманот затоа што непосредно по раѓањето крвните садови на бебето беа премалечки за инфузија“, рекол доктор Такехико Хирома.
Според регистарот на најмалечки бебиња кои преживеале, а кој го составил Универзитетот во Ајова, најмалечкото девојче е родено во Германија со само 252. грама во 2015. година, а претходно најмалечкото момче е родено во Јапонија, минатата година, кое имало 268. грама.


Екран.мк/Тanjug/Фото: AP/Kyodo News)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …