(ФОТО) ОВА Е СЕРИОЗНО- Прославениот оперски пејач се соочува со тешки обвинувања: На сила љубел и допирал жени!


Пласидо Доминго е обвинет за сексуално злоставување на неколку жени.
Прославениот оперски пејач, 78. годишниот Пласидо Доминго се соочува со сериозни обвинувања за сексуално злоставување кое наводно се случило пред 30. години, а за се’ одлучиле да проговорат осум пејачки и една танчерка, пишува Fox News.
Пласидо со децении ги присилувал жените на сексуални односи, а за возврат им нудел работи, а ако го одбиле, професионално би ги казнувал, изјавиле злоставуваните жени за The Associated Press.
Една од нив тврди дека пејачот и ставил рака под здолништето, а  три изјавиле дека насилно ги бакнувал во гардеробата, хотелските соби па дури и на ручеци.
Десетици сведоци потврдиле дека Доминго со децении се однесувал непримерено кон младите жени.
Доминго за инцидентите се изјаснил во службена изјава:
„Обвинувањата на тие неименувани поединци од пред 30. години се многу загрижувачки, како такви и неточни. Сепак, болно е да се слушне дека со своето однесување сум ги вознемирил или сум создал чувство на непријатност, без оглед што тоа било одамна и покрај моите најдобри намери. Верувам дека сите мои интеракции и врски биле дочекани со добредојде и спогодбено. Луѓето кои ме познаваат или работеле со мене знаат дека никогаш никого намерни не би повредил, навредил или посрамотил“, стои во изјавата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) На 43 години, и три родени деца, изгледа како ДЕВОЈКА: Ја сметаат за СОВРШЕНО УБАВА, но многумина не знаат дека е ОД ЕВРОПСКО ПОТЕКЛО

– Омилената партнерка во двојки на Новак Ѓоковиќ импресионирала со својата природна убавина – На …