ЕЛ СМИТ, Мис Кентаки, беше крунисана за Мис на САД. Ел има 23 години и е новинар од Кентаки. Изборот за Мис на САД се одржал во River Spirit Casino Resort во Тулса, Оклахома.
Круната ѝ ја врачила минатогодишниот победник на изборите Асија Бранч. Ел ќе се натпреварува на изборот за Мис Универзум во Израел на 12. декември.
View this post on Instagram
Додека одговарала на прашањата, Ел открила дека нејзината најважна основна вредност е искреноста. Таа зборувала и за одржливоста и охрабрувањето на компаниите да бидат посвесни за животната средина.
„Мораме да го гледаме тоа на макро и микро ниво. Така, на макро ниво, компаниите мора да се префрлат на зелена енергија и мислам дека тоа е нешто за што сите ќе се согласиме. На микро ниво, сите знаеме како да се намали отпадот, повторно да се користи и да се рециклира. Тоа е она што можеме да го имплементираме во секојдневниот живот“, рекла Ел Смит.
View this post on Instagram
Ел дипломирала телевизиско новинарство во мај 2020. година. Таа моментално работи како новинарка во WHAS, подружница на ABC во Луисвил, Кентаки
Фото: Принтскрин/Instagram