(ФОТО) Откриена причината за ненадејната смрт на бремената 36. годишна инфлуенсерка

Инфлуенсерката Емили Мичел почина ненадејно во 16-та недела од бременоста со своето петто дете.
Таа почина за време на појадокот, три дена пред Божик, а нејзиниот сопруг Џо сега објави дека причина за смртта е белодробна емболија, или блокирање на пулмоналната артерија од тромб.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by EMILY (@the.hidden.way)


„Пред неколку дена пристигнаа наодите од аутопсијата дека причината за смртта е белодробна емболија. Иако е тешко да се прифати дека тоа се случило, знаеме дека сите медицински професионалци направија се за да и помогнат. Децата и јас сме благодарни за љубовта и поддршката заради загубата на нашата сакана Емили и бебето Џои. Невозможно е да се опише со зборови колку ни значат вашите зборови, гестови, изрази и охрабрување“, напишал Џо на GoFundMe.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by EMILY (@the.hidden.way)

Емили и Џо имаа четири деца: Фин, Исла, Еди и Лулу. Блогерката од Род Ајленд ја следеа 107. илјади луѓе на страната на Инстаграм – The Hidden Way, а по нејзината смрт тој број се искачи на 176. илјади.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …