(ФОТО) Опасна уметност: Маж добил инфаркт кога видел една слика – го спасил дефибрилатор!

Еден седумдесетгодишен Италијанец пред неколку дена доживеал срцев удар откако го обземале емоции во фирентиската галерија „Увици“ каде се восхитувал на ремек делото на Ботичели – „Раѓањето на венера“, пренел Daily Mail.
Порталот Firenze Republica пишува дека мажот имал среќа бидејќи во галеријата во тој момент имало четворица доктори, а имало и дефибрилатор, кои веднаш му помогнале.
Обожавателот на уметност успешно се опоравува во болницата во Фиренца, а директорот ан „Уфици“, Ајке Шмит вели дека не е првпат некому да му се слоши додека се восхитува на убавината на „Раѓањето на Венера“ или на „Медуза“ од Каравињо.
Тој раскажал дека еден посетител додека ја гледал „Примавера“ на Ботичели во 2016. година доживеал епилептичен напад, а еден друг во почетокот на оваа година се онесвестил пред „Медуза“.
Иако многумина сметаат дека најчесто станува збор за исцрпени туристи кои кога ќе дојдат во град преполн со уметност, настојуваат во што помалку време да видат што повеќе, медицината ваквата реакција ја нарекува Стендалов или Фирентински синдром. Феноменот називот го добил по францускиот писател Мари-Анри Бејли, кој во 19. век пишувал под псевдонимот Стендал.


View this post on Instagram

Boticelli’s Venus and her viewers #birthofvenus


A post shared by @ 42artvandelay on


Станува збор за синдром кој се јавува кај некои лица во момент кога ќе видат некое уметничко дело кое посебно им се допаѓа. Притоа можат да доживеат невообичаени психички и физички симптоми како несвестица, забрзана работа на срцето,вртоглавица, па дури и халуцинации.
Стендал видувајќи ја убавината на фирентинската базилика Santa Croce чувството го опишал вака:„Срцето ми удираше забрзано, животот излезе од мене, одев и се плашев дека ќе се онесвестам“.
Во периодот помеѓу 1977. и 1986. година, вели италијанската психијатарка Грациела Могерини од болницата „Santa Maria Nuova“, во Фиренца, имало 106. случаи. Многу пациенти изнесувале од галериите и музеите откако ќе се онесвестеле, имале вртоглавица, хипервентириларе, чувствувале засилено биење на срцето и исцрепеност, а некои наводно пателе од губење идентитет.
Таа објаснила дека синдромот почесто напаѓа лица кои се склони кон тоа кога нешто на нив ќе остави силен впечаток, а покрај стресот од патувањето и посетата на град како Фиренца „тоа е добитна комбинација“, рекла доктор Могерини.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …