(ФОТО) Обожуваната sвезда од 80 -тите години и сега изгледа феноменално!

Ја паметиме по улогата на Алекс во култниот филм „Flashdance“ во режија на Адријан Лин од 1983. година.
Актерката Џенифер Билс беше обожувана од сите во текот на осумдесеттите години на 20 век – поради нејзините големи црни очи, сладок глас и незаборавна улога во „Flashdance“. Иако имаше успешна кариера на платно кога имаше само 20. години, Џенифер одлучи да студира американска литература на Универзитетот Јеил.
Таа се појави во филмови како „Ѓаволот во синиот фустан“, „Роџер Доџер“, „Избегана порота“, „Книга за спасение“ и обично играше споредни улоги.


View this post on Instagram

A post shared by Retroderno (@retroderno)


Нејзината улога во серијата „The L Word“, која беше прикажувана од 2004. до 2009. година, беше многу забележлива.Имено, тука таа ја игра Бети, лезбејка која работи како директор на музеј, и поради оваа улога стана геј икона и борец за правата на хомосексуалците.


Таа одби да игра во реалното шоу „Танц со Sвездите“ со објаснување дека не е танчерка: “Јас не сум танчерка. Ме прашаа, а јас одбив”, вели таа.

Таа е мажена за канадскиот бизнисмен Кен Диксон, тие имаат ќерка.

И денес, оваа многу обожавана sвезда, која стана позната по улогата на Алекс, се уште изгледа феноменално.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …