Полански призна вина за полов однос со малолетничка во 1977. година и беше осуден на 90. дена затвор, но беше ослободен по 42. дена. Кога дозна дека судијата планира да му изрече повеќегодишна затворска казна, тој од САД избега во Франција.
Една Французинка го обвини Роман Полански за силување во Швајцарија во 1975. година кога имала 18. години, објави парискиот весник „Паризиен“, само неколку дена пред премиерата на новиот филм од режисерот кој во САД е обвинет за силување малолетничка.
Валентин Моние, чии обвинувања следат по притужбите од други жени последните години, речкла дека не поднела тужба, но одлучила јавно да го обвини Полански поради прикажување на филмот „Офицер и шпион“ (J’accuse) за непочитување на правдата во аферата Драјфус.
„Не бев во врска со него, ниту лична ниту професионална, го познавав површно“, изјавила за весникот фотографката која била манекенка во Њујорк и глумела во неколку филмови во 80-тите години, меѓу кои и „Тројца мажи и бебе“.
Таа тврди дека се работело за многу насилен напад.
Адвокатот на режисерот, Ерв Темим, за „Паризиен“ изјавил дека Роман Полански одлучно го отфрла обвинувањето за силување и истакна дека наводниот настан од пред 45. години никогаш не бил пријавен кај правосудните органи.
Полански призна вина за полов однос со малолетничка во 1977. година и беше осуден на 90. дена затвор, но беше ослободен по 42. дена. Кога дозна дека судијата планира да му изрече повеќегодишна затворска казна, тој од САД избега во Франција.
Оттогаш се појавија повеќе обвиненија. За време на филмскиот фестивал во Кан во 2010. година, британската актерка Шарлот Луис го обвини за сексуално злоставување кога имала 16. години во 1983. година. Друга жена го обвини во август 2017. година за истиот престап во 1973. година кога имала 16. години. Во септември 2017. година, Ренате Лангер, поранешна актерка, го обвини за силување во 1972. година во Гштад кога имала 15. години.
Адвокатот на режисерот тврди дека обвинувањата на тие три жени се неосновани.