Популарниот турски глумец чија најнова серија „Истамбулска невеста“, снимена според вистинита случка се емитува на каналот РТЛ, се чини иако долго чекаше да вплови во брачните води сепак има проблеми поради кои го напуштил семејството…
Маркантниот турски актер Озџан Дениз(47), минува низ голема брачна криза, а според она што се зборува и пишува во турските медиуми, тој и неговата 20. години помлада сопруга Фејза Актан се пред развод.
Гласините за брачни проблеми на новопечениот пар, кој се венча во март минатата година, а кон крајот на април го доби синот Кузеј, почнале пред еден – два месеца.
Таблоидите тогаш пишувале дека убавата и млада Фејза почнала мегаломански да троши, па маж и ѝ ги затворил сметките, и ги одзел сите картички и и дал само една која тој директно ја контролира.
А тоа, тврдат турските медиуми, многу ја налутило младата мајка, па почнале сериозни караници во домот на Денизови. Затоа последните денови на декември 2018 година актерот го напуштил домот и се преселил во хотел. Дома не го вратиле ниту убедувањата на целото семејство, ниту молбите на Фејза.
Очигледно дека Денис е многу навреден од однесувањето на сорпугата особено што тој работи од своите детски денови (13. години) – пее, одржува концерти, снима серии…