(ФОТО) НИ ТРЕБААТ ВАКВИ ПРИМЕРИ: „Другар ти пратив порака – направи го и ти тоа за некој друг!“

Непознат да ве спаси од ставање „канџа“ што би ви го олеснило домашниот буџет е не реткост туку раритет…
Но, го има, и тоа кај нас.
Токму тоа го направила Ирена Стерјовска…Таа пуштила порака за паркинг за автомобилот на кој се подготвувале да му стават „канџа“ и така некој несреќник спасила од непотребни нервози но и издатоци…
Убаво е да се следи примерот на Ирена, да бидеме повеќе луѓе, добронамерни…Можеби со праќањето порака за паркинг нема ништо да добиеме, но едно неиспиено кафе ќе придонесе некому да му го разубавиме денот…Да бидеме ЛУЃЕ!
Само тоа е потребно!
Irena Sterijovska :·
“Другар ти пратив порака, ќе ти ставеа канџа. Напрај го и ти ова за некој друг некогаш”
#TheGoodnessEffect
Ингениозни другари у акција…


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …