(ФОТО) НЕВЕРОЈАТНО – СРЕЌА ОД СОНИШТАТА: „Голф 7“,„Тојота“ и многу пари – Ѓурѓа Ѓоргиева „ги собра“ сите награди од Државната Лотарија на Македонија

Меѓу добитниците на Државна лотарија едно име посебно се истакнува а тоа е Ѓурѓа Ѓоргиева од Ново Село, Струмица.
Нејзината последна добивка е од 4. септември и на старниците на Лотарија на Македонија пишува:


„Отворен СЕФ на Државна лотарија полн со 600 000 денари
СЕФ полн со 600 000 денари отвори Ѓурѓа Ѓоргиева од Ново Село, Струмица.
Таа е еден од нашите најредовни играчи и добитничка на повеќе вредни добивки.
Како и секогаш, купила над 100 лоза СЕФ и други инстанти од среќното продажно место Аида. Ѓурѓа вели дека не се откажува, добивките се мотив да продолжи да игра и понатаму се додека среќата е на нејзина страна.


Инаку , СЕФ -от на Државна лотарија на Македонија е полн со најразлични парични добивки, почнувајќи од 40 денари па се до 600.000 денари. Најголемата добивка  од 600.000 денари е предвидена за тројца најуспешни отворачи на СЕФ -от , а за другите играчи овој инстант лоз нуди 5. добивки од 100.000 денари, 10 добивки од 50.000 денари итн. се до 135.000 добивки од по 40 денари.  Цената на инстант лозот е 40 денари , па затоа не пропуштајте ја шансата да го отворите СЕФ- от и да добиете една од 167.238 добивки кои ги нуди овој лоз“.
Струмичанката Ѓурѓа Ѓорѓиева од струмичкото село Старо Коњарево е добитничка (според досега виденото) на речиси сите награди кои ги доделува Државната Лотарија на Македонија. Низ фотографии издвоивме 10 (не така скромни) награди кои таа ги добила досега, меѓу кои се и два автомобила, јавува Слободен печат.
Во прилог може да ги погледнете наградите кои Ѓурѓа ги добила од Државната Лотарија на Македонија.


 

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …