Италијанскиот музичар не покажал никаква посебна реакција на „скокотливото“ прашање…
Новинарката на НОВАТВ, Петра Фабиан Капов, во неговата резиденција во Тоскана правела интервју со италијанскиот тенор Андреа Бочели (59), кој на 10. март ќе има концерт во загрепска Арена. Во текот на разговорот, на италијански јазик, се збунила и слепиот Бочели го прашала дали после минатиот концерт во Пула бил на рзгледување на тој град.
„Леле, не бев“ и одговорил пејачот на новинарката и притоа не реагирал посебно на нејзиното прашање.
Фабиан – Капов згрешила кога Бочели рекол дека од својот последен концерт во Хрватска се сеќава на многу внимателната публика, но дека е секогаш во брзање и после настапот оди во гардероба, па во хотел и веднаш на пат.
НОВАТВ при прикажувањето го исекла „скокотливото прашање“, но претходно го објавиле на интернет.Фабиан Капов е дописник од Пула, на Нова од 2010. година.
Бочели во текот на интервјуто истакнал дека се надев оти не и здодеал на публиката, после три концерти. Додал и дека како и секогаш ќе ја донесе најдобрата италијанска музика.
„Музиката која почива на трдиција на операта, која е како што знаеме родена во Италија.На самиот концерт ќе испеам и некои од моите песни кои ме прославија“ рекол славниот тенор.
Додал дека неговата љубов кон музиката се родила уште додека бил во пелени и дека без неа не може да си го замисли животот. На тенорот му е мило што на барање на Ед Шерен ја снимил „Perfect“.
„Многу се израдував бидејќи моите три деца се негови големи обожавтели.Кога дојде Ед тие беа присутни и пресреќни бидејќи ќе можеа со него да разменат неколку зборови“ истакнал Бочели.
Инаку, пејачот е во брак со бившата менаџерка Вероника Берти (34) и ја имаат ќерката Виргинија (5), додека со некогашнат сопруга Енрика Цензати ги има синовите Матео (20) и Амос.
Бочели се родил со лош вид и докторите му дијагностицирале конгенуален глауком, болест која е причина за слепило.
На шест години почнал да свири клавир, а подоцна научил и флејта, саксофон, тромбон, труба и тапани. Потполно ослепел на 12. години, после несреќа на фудбалски натпревр. Имено, противнички играч го удрил и тоа предизвикло крварење во мозокот а лекарите не можеле да му го спасат видот.