(ФОТО) Немилосрден и’ после смртта: Берт Рејнолдс го исфрлил синот од тестаментот

Легендарниот глумец Берт Рејнолдс, кој неодамна почина, намерно од тестаментот го изоставил синот, единец, Квинтон.
Рејнолдс кој во 82. година почина од инфаркт, во тестаментот на кој стои потпис од 2011. година, името на синот го спомнува само во контекст дека намерно го изоставил од тестаментот.
„Намерно го изоставувам од тестаментот бидејќи го издржував цел свој живот“, напишал глумецот, како што пренесуваат американските медиуми.


Рејнолдс го усвоил Квинтон со својата бивша сопруга Лони Андерсон.
Според пишувањето на британски „The Sun“ и американскиот „TMZ“, глумецот се’ што имал и оставил на роднината Ненси Ли Хес.
Сепак, поедини медиуми наведуваат дека Квинтон ќе може да добие извесна сума пари на основа на еден фонд.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …