(ФОТО) Неда Украден објавила фотографија стара 40. години:„Без силикони и фотошоп“

Неда Украден денес има 68. години а малку кој би и дал толку. Пејачката уште до млади денови била привлечна на регионалната публика, како поради гласот така и поради изгледот.
За да покаже колку се променил нејзиниот изглед од почетокот на кариерата до денес, со обожавателите споделила фотографија стара 40. години, кога имала 28., а на која изгледа потполно поинаку отколку денес.


„Јас, 40. години порано, Лондон, улица Оксфорд и токму сега! Без филтери, без фотошоп, без силикони, без лажни трепки, без надоградена коса и вештачки образи. Тоа е што е!“, напишала Неда во описот на фотографијата покрај која додала и најново селфи за да ја покаже разликата.

Нејзините обожаватели се воодушевиле со ова кусо враќање во минатото. „Неда секогаш мачка, била и останала. Тогаш имаше убаво жени, сега се сите пластични“, „Најубаво е да се биде природен, а и природата тука била многу дарежлива“, се само некои од комплиментите кои и ги упатиле и истакнале дека денес дури изгледа и подобро.

Неда во бројни интервјуа изјавила дека не се плаши од стареењето и дека го одржува својот природен изглед.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Книжевен кружок во Илика

Третата средба на книжевниот кружок ќе се одржи денес со почеток во 17:00 часот во …