(ФОТО) Насловната страна со Серена Вилијамс на познато списание ја збеснало јавноста!

Списанието GQ ја прогласило тенисерката Серена Вилијамс за жена на годината.
Иако до сега имале обичај такви титули да им доделуваат само на мажите, оваа година одлучиле да направат исклучок па ја доделиле и на една жена.
За мажи на годината се прогласени глумците Мајкл Б. Џордан, Хенри Голдинг и Џона Хил, а секој од нив, вклучувајќи ја и Серена, добил своја насловна страна.


Но, еден детал на насловната страна на Серена ја збеснала јавноста и списанието се нашло на мета на многу критики.

Имено, како што можете да видите, на насловната со маркер е прецртан зборот „мажи“ (men) и над тоа е напишано „жена“ (woman), но нивниот обид да бидат креативни поради еден детал во јавноста е протолкуван како навреда на сметка на изгледот на Серена. Станува збор за наводниците кои се навистина непотребни бидејќи Серена е, очигледно, жена.
А, како што веќе и самите знаете, Серена во текот на кариерата поради својот исклучителен тениски талент и мускулеста градба често со иронија била нарекувана маж, па овој потег на списанието навистина бил непромислен.
Некои укажале и на фактот дека ги изоставиле наводниците кога таа иста титула и ја доделиле на глумицата Гал Гадот што секако не им оди во прилог, но никој од списанието се уште не ја коментирал целата ситуација.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …