(ФОТО) Најзгодната натпреварувачка во „Се или нешто“ без среќа

„Се или нешто“ е игра, но во која секој доаѓа со желба за добивка, ако не и на целиот милион тогаш што поблиску. Некои имаат среќа, други пак се помалку среќни и си заминуваат со пониски износи или со ништо…
Новата седма сезона на популарното македонско квиз-шоу „Се или нешто“ на телевизија Сител, започна со помалку среќа за натпреварувачите, но многу повеќе за банкарот кој мирно спие по секоја завршена игра поради ниските добивки на учесниците.
Во текот на претходната сезона во редовите на оние што чекаат за игра беше и убавата скопјанка Тамара Маневска, од која камерата редовно ловеше по некој кадар од нејзината маркантна појава.
Сега во новата сезона дојде и нејзиниот ред за игра, а пред Лила се претстави како 19. годишна скопјанка која студира на правен факултет, а хоби и е моделството.
Облечена во црн тесен фустан кој ја истакна нејзината витка става, Тамара го задржа вниманието на гледачите со своето појавување, како и со возбудливата игра која и’ не баш и одеше од рака.
Имено, Тамара ги отвори највисоките суми во кутиите, но на крај реши да игра и со 23.тата кутија, по што ја дуплираше освоената сума од 4.000 денари.
Нејзината игра ќе биде запаметена како не толку добра, но нејзината физичка убавина и шарм тешко дека ќе избледат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …