(ФОТО) Топло ладно

Еден од најпопуларните десерти, доаѓа од Франција каде е познат токму под името „топло ладно“. Многумина се „плашат“ да го подготват, но фактички се’ е многу едноставно и лесно…
Состојки:
2 јајца
2 жолчки
75 г. путер
45 г. шеќер
100 г. темно чоколадо (какао мин.40%)
45 г. брашно
20 г. какао во прав
1 лажичка екстракт од ванила
малку сол
Подготовка:Убаво изматите ги шеќерот, јајцата и жолчките со миксер или со рака, за да добиете жолта смеса (со додаток на сол, подобро ќе се соедини). Путерот и чиколадото, стопете ги на пареа или во микробранова. Потоа помешајте ги овие две смеси и додадете какао,брашно и екстракт од ванила.
Кога сето тоа ќе го завршите, подгответе четири метални или керамички садчиња (отпорни на топлина) со волумен околу 150 мл., кои ќе ви послужат како калапи. Пред да ги наполните намачкајте ги со путер, а потоа ставете ја смесата, но не до врвот. Така наполнетите калапи префрлете ги 30 минути во фрижидер.
Потоа подгответе длабок сад за печење, ставете ги во него калапите, а околу истурете врела вода до половина од височината на калапот. Печете во загреана рерна 180С.
Извадете ги калапите до водата и оставете ги да се изладат на собна температура околу 15 минути. Секој колач превртете го во посебна чинија, посипете го ванилин шеќер и прелив од карамел по желба а од страна додадете топка сладолед од ванила.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …