Каква зима не очекува: Ладна и сува или со многу снег?

Најавата за промена на времето во недела (22.октомври), односно намалување на температурите придонесе за редовните прашања каква зима не очекува: ладна и сува или со многу снег?
Ако може да им се верува на долгорочните прогнози, тогаш оваа зима нема да видиме некој голем студ.
Неколкумесечните прогнози велат дека до крајот на годината само утринските температури ќе бидат во минус и тоа само неколку степени, додека дневните во најстудените денови ќе надминуваат 5. степени.
Оние кои го сакаат снегот, веројатно нема да се радуваат многу оваа година. Снежни врнежи не се најавуваат во градовите се’ до крајот на годината. Услови за снег ќе се создадат во последните денови но според она што сега се прогнозира, тоа нема да биде интензивно и веројатно нема да се формира снежна покривка.
Според сезонската прогноза на ACCUWEATHER на Балканскиот Полуостров како и на Македонија и претстои многу сушна и релативно топла зима со натросечни температури на воздухот. Според оваа сезонска прогноза врнежите од дожд и снег во текот на зимските месеци би биле нешто поретки па во ваква ситуација кога во текот на зимата владее антициклон често знае по котлините и по речните долини да дојде до формирање на целодневна магла.
Долгорочните прогнози ретко даваат прецизна слика за временските услови кои не очекуваат, но сепак, добри се за да дадат каква-таква претстава за времето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПОЗНАТ АКТЕР ПОЧИНАЛ НА 46 ГОДИНИ: „Неговата прерана смрт ќе остави празнина во животот на сите што го познаваа…“

Минатата година актерот поминал една недела на интензивна нега, но потоа добил и пневмонија. Британскиот …