(ФОТО) Најскандалозна Мет Гала досега: Лејди Гага на црвениот тепих останала во долна облека!

Во Њујоршкиот Метрополитен Музеј на уметности одржан е најважниот моден настан на годината – Мет Гала. Странските медиуми црвениот тепих на Мет Гала го прогласиле за најскандалоезн досега, а за тоа секако придонела и Лејди Гага, ѕвезда на вечерта која извела стриптиз.

Лејди Гага прво се појавила во огромна розева тоалета со шлеп од 7. метри кој се влечел по неа. Била окружена со својата модна свита која со совршена кореографија се движела зад и околу неа, а носеле и чадори (иако не врнело и црвен, односно во овој случај розевиот тепих бил покриен).


Но, за Гага тоа не било доволно. Пејачката почнала да совлекува слој по слој од својата комбинација и така прикажала четири драматични трансформации кои го украле вниманието на вечерта.


Ја отфрлила огромната розева тоалета и останала во асиметричен црн фустан, а еден од чадорите продолжила да држи во раката. Потоа го соблекла и тој црн фустан за да остане во розов слип он фустан, а потоа следел потполн шок за собраните – Гага го соблекла и тој фустан и останала само во долна облека и светкави најлонки и со тоа завршил нејзиниот стриптиз на црвениот тепих.


Инаку, тема на Мет гала била: “Camp: Notes of Fashion”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …