(ФОТО) На врвот на листата: Софија Вергара и Кејли Куоко се најплатени ТВ актерки за 2017 година

Американското престижно бизнис списание “Forbes” објави листа на најплатени телевизиски актерки за 2017 година, а на тронот сè уште се наоѓа атрактивната Колумбијка Софија Вергара и симпатичната Кејли Куоко.
Вергара, во изминатата година заработила 41,5 милиони долари, а поголемиот дел од парите ги заработила благодарение на ангажманот во популарната ТВ серија “Мodern Family”. Исто така, Софија остварила голема заработка и преку соработката со брендовите “Head & Shoulders”, “Pepsi”, “Avon” и “CoverGirl”.
Веднаш по Колумбијката, на второто место на листата се наоѓа Кејли Куоко, ѕвездата на серијата “The Big Bang Theory”. Таа годишно остварува заработка од 26 милиони долари, а наводно за една епизода од хумористичната серија заработува до еден милион долари.
На третото место на листата се најдоа Елен Помпео и Минди Калинг, кои во изминатата година заработиле по 13 милиони долари. Помпео е позната по улогата на докторката Мередит Греј во серијата “Grey’s Anatomy”, а Калинг по улогата на Минди Лахири во серијата “The Mindy Project”.


Други добро платени телевизиски актерки кои се најдоа на листата на “Forbes” се Маришка Харгитеј со годишна заработка од 12,5 милиони долари, Џули Боуен која заработува 12 милиони долари, Кери Вашингтон со заработка од 11 милиони долари, Пријанка Чопра со 10 милиони долари, Робин Рајт со 9 милиони долари и Поли Перет со 8,5 милиони долари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на студентите на Музичка Академија на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип денес во Аудиокултура

Денес во Аудиокултура со почеток во 12:30 часот ќе може да го проследите концертот на …