(ФОТО) Мистериозна смрт на 25. годишна манекенка чие тело е пронајдено во лифт!

Мистерија ја опкружува смртта на еден млад модел, чие безживотно тело било пронајдено во лифт на станбена зграда во Бангкок.
Тетим ’Бел’ Норафанпифат(25) била пронајден мртва во фоајето на зградата во вторникот наутро, но полицијата соопштила дека е рано за именување на осомничените, пренесува Daily Mail.

На социјалните медиуми се појавило морбиден видео запис на кој се гледа како маж носи тело во лифт, а потоа го фрла на подот и си заминал.
Полицијата за тајландските медиуми изјавила дека обдукцијата е во тек и дека телото на жената нема видливи повреди.
Сè уште нема осомничени лица.
Еден маж кој бил сослушан од полицијата тврди дека ја зел манекенката дома откако таа била „премногу пијана“ за да му ја каже адресата по настанот на кој биле. Тој и рекол на полицијата дека се онесвестила пред да открие каде живее, па ја пуштил да спие во својот кревет и повикал еден од нејзините пријатели да дојде да ја собере.

Тој бил пуштен по сослушување, иако признал дека ја одвел Титим во лобито додека таа била во несвест, но исто така тврди дека не сторил ништо лошо.
На објавите на социјалните медиуми, тој негирал дека сторил било што за да му наштети или да го дрогира моделот.
“Ветувам дека нема да бегам затоа што сум невин. Можеби сум шегаџија, но јас сум господин …”, рекол тој.

Бел имала повеќе од 73.000 обожаватели на Инстаграм, а со оглед на нејзината смрт, нејзиниот профил е преплавен со пораки со сочувство и почести.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …