(ФОТО) Меморандум за соработка помеѓу Македонската опера и балет и Државната опера – Стара Загора

На 4. декември, на денот на гостувањето на Македонската опера и балет со операта “Севилскиот бербер” ,во рамките на 49-то издание на Фестивалот на оперската и балетска уметност во Стара Загора, Република Бугарија, се одржа официјална средба на директорот на Македонската опера и балет, Васо Ристов со директорот на Старозагорската опера, Огњан Драганов.


Со заеднички интереси насочени кон подобрување на меѓусебните односи, со цел подобро запознавање, размена на искуства и диверзификација на репертоарот на двата театари, двајцата директори потпишаа Меморандум за соработка меѓу Македонската опера и балет и Државна опера – Стара Загора. Меморандумот вклучува меѓусебни гостувања со претстави на Фестивалот на оперската и балетска уметност – Стара Загора и Мајските оперски вечери, размена на креативни тимови во реализацијата на премиери како и претстави од редовниот репертоар, концертна активност, размена на претстави кои може да се прилагодат за двете сцени, креирање на копродукции за учество во трети земји, заедничко учество со проекти во програмите на ЕУ и други донаторски фондови и организации.Меморандумот беше потпишан врз основа на чл. 8 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија.


Пред почетокот на претставата на операта “Севилскиот бербер” директорот на Старозагорската опера Огњан Драганов му врачи на директорот на Македонската опера и балет специјална награда на Фестивалот на оперската и балетска уметност, како и почесна плакета на Државна опера-Стара Загора.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 9 години без истакнатиот македонски писател и новинар Димитар Димитровски – Такец

Димитар Димитровски – Такец е роден во 1922 година во Битола. Тој беше истакнат македонски …