(ВИДЕО+ФОТО) Три посни ролати од една смеса: Совршено предјадење кое не се пече!

Практично и вкусно предјадење за секоја пригода…
Состојки за основна смеса:
1,2 килограми компири, 400 г посни крекери, 250 г посен мајонез, сол, 3 чена лук
Подготовка: компирите излупете ги и сварете со лукот. Водата оставете ја бидејќи во неа веднаш можете да ја сварите пченката (5 минути), а кога и неа ќе ја извадите од водата додајте го спанаќот (5. минути). Лукот извадете го бидејќи ни послужил само за подобра арома.
Врелите,и исцедени компири, испасирајте ги како за пире и оставете малку да се изладат, да станат млаки. Додајте ги мелените крекери, мајонез и сол и со рака убаво соединете.
Се добива околу 1500 грама тесто така што за секој ролат ќе ви треба по 500 грама.
Останатите состојки можат да бидат по ваш вкус. Еве некои комбинации:
Прв ролат


1 лажичка куркума (за тестото), 50 г. спанаќ, 100 г посен мајонез, сол по вкус.
Тестото измесете го со куркумата. Помеѓу два слоја хартија за печење расукајте правоаголник па намачкајте со подготвениот спанаќ кој сте го иситниле и сте вмешале мајонез и малку сол. Завиткајте со помош на хартијата и оставете до наредениот ден.

Втор ролат


1 лажичка оригано (за тестото), 3 лажици кечап, 180 г. туна.
Тестото измесете го со ориганото и како првиот ролат, помеѓу две хартии расукајте правоаголник. Измешајте ја туната со кечапот и намачкајте, па со помош на хартија завиткајте ролат. И’, него префрлете го во фрижидер да отстои еден ден.


Трет ролат

3 лажици ајвар (за тестото), 200 г варена пченка, 100 г мајонез.
Тестото измесете го со ајварот и развлечете – како и претходните два ролати. Намачкајте со филот, завиткајте и префрлете во фрижидер.
Ролатите исечете ги, сервирајте и послуѓете.
Добар апетит!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …