(ФОТО) Меланија Трамп поставила нов стандард: Вака треба да се облекува жена во педесеттите години!

Тесен фустан, високи потпетици и кој вели дека жена во педесеттите не е секси…
Откако накратко ја напушти Белата куќа минатата недела за да ја одбележи 75-годишнината од крајот на Втората светска војна со положување венци во Националниот трговски центар во Вашингтон, претседателот Трамп реши да организира свечена церемонија во дворот на Белата куќа за да им додели признанија на оние кои со својата работа помогнаа во борба против пандемијата на коронавирусот во САД.
Пред бројните гости на свечената церемонија во Белата куќа, 50-годишната Меланија Трамп пристигнала во видливо расположение држејќи се за рака со сопругот, а со најновото издание таа успеа повторно да ја оправда титулата на една од најдобро облечените први дами.


Овој пат Меланија носеше фустан од Џејсон Ву, чии креации редовно ги носеше поранешната прва дама, Мишел Обама.
Фустанот за кој се реши Меланија, американскиот дизајнер со тајванско потекло го претстави на модната јавност во 2018 година, и иако веќе не е на продажба, неговата оригинална цена беше скоро 1.500 евра.


Освен кројот, кој особено ја потенцираше складната фигура на американската прва дама, споменатата креација без ракави се издвојуваше и со мала цветна шема, а како и обично, го заокружи своето последно издание со омилените салонки во портокалова боја потпишани од Маноло Бланк.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …