(ФОТО) Македонскиот готвач, Рене Реџепи, има најдобар ресторан во светот но памти вкусови од детството


Готвачот Рене Реџепи, по потекло од Македонија, е на 11. место на листата на 100 највлијателни луѓе во Данска според магазинот „Тајм“. Реџепи, кој живее и работи во Данска, води ресторан кој двапати е прогласен за најдобар ресторан во светот.

Рене има 39 години. Неговата мајка е Данка, а татко му Албанец роден во Македонија. Во едно интервју од 2010. година за тв-мрежата ABC News за тоа дали данските или македонските корени се „виновни“ за неговиот талент за готвење, тој одговарил: „Македонските, се разбира“.
Реџепи е роден во Данска, а потоа се преселил во Македонија каде што живеел се’ до распаѓањето на Југославија.
Неговиот ресторан „Нома“ во Копенхаген беше прогласен за најдобар ресторан во светот во 2010. и во 2011. година.
Рене Реџепи е меѓу најдобрите готвачи во светот, кој сепак во едно гостување во емисија кај Антони Бурден рече:
„Готвам и многу експериментирам и ми се допаѓа тоа. Но, мое омилено јадење, можам слободно да кажам е едно кое мојот чичко ми ми го направи кога бев кај него на гости во Тетово. Тој печеше кокошка со ориз и тој вкус се уште ми е недостижен…“.


Но, Рене Реџепи во светот на кулинарството е познат и по тоа што обожува да открива нови рецепти и нови начини на користење на локалниот зеленчук.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Воскресение Христово (втор ден)

Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Исус и Го предадоа на Пилат со барање …