(ФОТО) Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019 година: И’ ништо друго!

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019 година, односно МРТВ во име на земјата ќе испрати уметник и песна во Тел Авив, Израел.


Македонскиот радиодифузер МРТ го потврди учеството, но не се објавени други детали, наведува порталот EscXtra, чии содржини се главно евровизиски.


Во последните три години македонскиот претставник на Евровизија го избира МРТ, а во претходните години за евровизискиот изведувач се одлучуваше и на фестивали.
Досега околу 30. држави потврдиле дека ќе учествуваат на Песна за Евровизија, што следната година во мај ќе се одржи во Израел.
ЕБУ на земјите учеснички им дава рок до октомври да го потврдат своето учество на „Песна на Евровизија 2019“, а досега своето учество го откажале Андора, Босна и Херцеговина, Луксембург, Монако, Словачка и Турција.


Интересно е дека Македонија на овој избор учествува од 1998. година (Владо Јаневски, „Икс икс ел“,Каролина – два пати,Тоше Проески, Мартин Вучиќ, Елена Рустеска, и Калиопи успеале да влезат во финалето и бележеле резултати од 19. до 12.место – најуспешно од страна на Елена Ристеска. Сите други, од 2008. до 2018. година, освен Калиопи во 2012. година, не успеале да се пласираат во финалето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …