Почетокот е маалски, скопски, скромен, но се води од вербата дека низ овие улици се крие нешто универзумско, нешто што вреди да ги надмине границите на градот, на државата, на планетата!
Jazz Fortnight е попатна станица. Место од каде поаѓа импровизацијата и местото каде ги пречекуваме странците…
И за почеток нема посовршен избор од Симон Киселички.
Доајен на македонската џез сцена. Патникот кој изминативе две години ги помина патувајќи низ безброј градови по континентот, раскажувајќи ја приказната создадена со децениска творба низ дирките од своето пијано.
Сега е повторно дома.
Со Јамајла!
Досега необјавен албум што 10. години е сокриен од јавноста, и за прв пат публиката ќе може да го слушне токму тука:
https://simonkiselicki.bandcamp.com/album/jamajla
Jazz Fortnight со гордост го најавува повратниот концерт на Симон Киселички, на 29-ти септември во Public Room, со почеток од 21:00 часот.
Заедно со „Jamajla”, албумите „Levitation” и „Beneventan” наскоро ќе бидат издадени во дигитална форма и достапни на сите светски платформи за продажба и стриминг.
Следете не и со наредните музички изданија.
Ова е само почеток на нова приказна.