(ФОТО) Мафини со чоколадно полнење


Потребно е:
100 г омекнат путер
60 г шеќер
90 г брашно со печиво
1 лажица какао
2 јајца
50 г црно чоколадо
шеќер во прав, за наросување
Подготовка:за почеток подгответе ги садовите за мафините па во нив ставете хартиени корпички кои одвнатре ќе ги намачкате со путер.
Сега можете да го подготвите тестото. Во голем сад ставете омекнат путер, шеќер, јајца, брашно и какао и се’ изматете со миксер за да добиете мазна смеса.
Половина од подготвената смеса ставете во калапите за мафини. Со лажичка или прст направете вдлабнатина и ставете коцка црно чоколадо. Покријте со останатото тесто, да се наполни 2/3 од калапот.
Тавата за мафини ставете ја во рерна загреана на 190 степени и печете околу 20. минути, се додека не се кренат и на допир не бидат меки и еластични.
Оставете ги неколку минути „да се одморат“ па наросете ги со шеќер во прав.
Со овие мафини убаво е ако се послужи сладолед од ванила, но и не мора. И така се вкусни.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

37 издание на Саем на книга во Скопје: Негување на книжевната култура и љубовта кон книгите

Убавината на книгите е во тоа што тие не разликуваат возрасти, родови, ниту граници – …