(ФОТО) Есенски рустичен колач со јаболки

Состојки:
300 г јаболки
360 г шеќер
80 мл масло
1 јајце
200 мл јогурт
1 прашок за печиво
1 ванилин шеќер
300 г брашно
5 г цимет
20 г путер
50 г шеќер во прав
Подготовка: изматете ги јајцето, шеќерот и ванилиниот шеќер, додајте јогурт, масло и брашно во кое сте го додале печивото.
Јаболките излупете ги, исчистете и исечете на стапчиња, наросете со цимет и додајте во тестото. Лесно измешајте и смесата истурете ја во долг и длабок калап покриен со хартија за печење.
Печете во рерна загреана на 160 степени помеѓу 35 и 40 минути, што зависи од рерната.
Топлиот колач извадете го од калапот и наросете со шеќер во прав.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …