(ФОТО) Лулање на 2.600 метри – туристичка атракција за најхрабрите

La Casa del Arbol, куќа на дрво, е една од најпознатите атракции во Банос, Еквадор.
Ако ги прашате мештаните, но и оние кои го посетиле, ќе слушнете само неколку зборови за препорака – евтина, забавна, со најдобар поглед на околината.
Некако станало едно од најбараните искуства низ Еквадор, како за домашните, така и за меѓународните посетители, а интересно е дека се споменува во речиси секој блог за овој тропски мал град.

Сместена на планина покрај активен вулкан, оваа прекрасна лулашка денес е непропустлива станица за сите оние кои патуваат во Банос.
А пред само една деценија тоа беше скромна куќа на дрво со дрвена лулашка, инаку дело на локален човек задолжен за следење на сеизмичката активност на вулканот Тунгураху. Иако ја сакале само за себе, лулашката набрзо станала исклучително популарна поради нејзината исклучителна локација и погледот што го нуди.


View this post on Instagram

A post shared by Lavi Kachurik (@laviwashere)


Иако првично била врзана за дрво со само неколку јажиња, со текот на годините биле додадени многу безбедносни додатоци за да биде побезбедна.
Сепак, иако изгледа како да се лулате над бездната, во реалноста оваа лулашка не е толку екстремна и има само мал стрмен рид под себе.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велика Сабота

Велика Сабота Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика …