(ФОТО) СЕ’ ПОРАДИ КАРИЕРА И СЛАВА: „Мајкл Џексон беше хемиски кастриран, неговиот татко го натера да го направи тоа“

Личниот лекар на Мајкл Џексон, Конрад Мареј, во една прилика изјавил дека таткото на славниот пејач бил „еден од најлошите татковци во историјата“, па дал објаснување за ваквото големо обвинување.
Мареј не го осудил Џо Џексон само затоа што е ужасен татко, туку тврдел дека Џо „хемиски го кастрирал“ Мајкл Џексон.
„Фактот дека тој беше хемиски кастриран за да одржи висок глас не може да се објасни со зборови“, рекол тогаш Мареј.
Докторот на кралот на попот тврдел дека самиот пејач му раскажал за многуте страдања што ги претрпел од неговиот татко. Како што изјавил Мареј, Мајкл рекол дека растењето било страшно.

Беше толку страшно што не може да се замисли“, го цитира Конрад славниот уметник.


This image has an empty alt attribute; its file name is majkl-dzekson.jpg

Кастрацијата на момчињата била многу честа појава во средниот век и ренесансата, особено ако детето има талент за пеење. Имено, на тој начин би се спречила мутација, а со тоа и промена на гласот на момчето и би можел да испее се што можел и како дете.
Таа практика изумрела, а со Мајкл Џексон и неговото искуство кое стигна до јавноста, приказната за ужасните кастрации заради славата во музиката повторно стана актуелна. Оваа тема привлекува внимание на траумата низ која поминале многу деца.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …