(ФОТО) Љубов е тоа: Брус Вилис повторно се оженил со истата жена!

Славниот глумец,Брус Вилис, и неговата сопруга Ема Хеминг после 10. години брак одлучиле да ги обноват заветите.
Една од званиците била и бившата сопруга на брус Вилис, Деми Мур, што многумина пријатно изненадило бидејќи по кој знае кој пат покажале дека луѓето после развод можат да останат пријатели.


View this post on Instagram

We said, we do, again, 10 years later 💞💍 #happyanniversarymylove


A post shared by Emma Heming Willis (@emmahemingwillis) on


Освен Деми, на венчавката присуствувале и трите ќерки на глумецот од бракот со Мур, а со Ема, Брус има две.

Парот не го криел воодушевувањето поради интересниот гостин, а додека приоѓале на масата,неговите најмлади ќерки, Мабел Реј и Евелин Пен фрлале цвеќе на нивниот пат, додека во позадина пеела неговата најстара ќерка Рамер.
Во присуство на најблиското семејство и само неколку избрани пријатели, Брус и Ема повторно се заколнале на вечна љубов.

Деми Мур, со која Брус Вилис бил 13. години во брак, присуствувала и на нивната прва венчавка заедно со тогашниот сопруг Ештон Качер.

подготви: Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …