(ФОТО) Лина Пејовска во финалето на РТЛ „Ѕвезди – летен хит“: Последен „испит“ во сабота!

Синоќа беше емитувано полуфиналето од РТЛ – овиот избор на „Ѕвезда – летен хит“…Меѓу седумтемина полуфиналисти настапи и нашата Лина Пејовска која воодушеви со сите свои настапи.По првата изведба Бранко Ѓуриќ „по грешка“ и даде четворка која пак беше причина за пеење акапела…


Колку што Лина воодушеви со првата композиција впечатокот го зголеми во дуетот со Петар Грашо, а кога мораше да пее акапела бидејќи и недостасуваше еден поен за финалето, повторно блилјираше…За време на нејзиното акапела пеење највпечатлива беше Нина Бадриќ која едноставно не издржа а да не коментира во смисла „тоа ти го велам…“.


Жирито имаше тешка задача да избере кој ќе оди во финалето, но некако многу бргу ги донеоа одлуките…
Така Лина во сабота ќе ја видиме во финалето  на ова „моќно“ натпреварување кое во жирито ги има еден Тончи Хуљиќ, Петар Грашо, Нина Бадриќ, Бранко Ѓуриќ Ѓуро и Андреа Андраши како претставник на народот…
Победата на ова натпреварување донесува  парична награда од 50.000 куни (околу 7.000 евра) но и песна од Тончи Хуљиќ како и настап на Сплитскиот фестивал…



Се’ ќе дознаеме наредната сабота од 20.15 часот на RTL!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …