(ФОТО) Лина Пејовска премногу јака за „Летен хит“: Дуетот со Нина Бадриќ ја покажа нејзината големина!

Синоќа се одржа финалната вечер на „РТЛ Ѕвезди – Летен хит“ на кој меѓу петте најдобри настапи и нашата Лина Пејовска…
За жал, после дуетот испеан со Нина Бадриќ на темата „Da se opet tebi vratim“ и гласањето на судиите Лина не продолжи понатаму, а судиите беа разочарани…
„Не е лесно да се пее Нина Бадриќ, но ти го направи тоа“, „Колку песната повеќе одеше ми беше се потешко. Сите можат да бидат победници и тоа е прекрасно но и неверојатно тешко“ рекоа Андреа и Грашо.


„Ти Лина повеќе воопшто немаш простор за напредување, затоа што ти си веќе на максимумот“ и рече искрено Тончи Хуљиќ кој напомена дека по завршувањето на шоуто ќе разговара со повеќе хрватски композитори кои би требало да се ангажираат околу идната кариера на финалистите.
Лина не делуваше разочарано но ние кои го следевме шоуто бевме бидејќи македонската претставничка сите ГИ НАТПЕА и покажа дека има неверојатни квалитети, кои очигледно се премногу силни за летен хит…
Инаку, гласањето на жирито беше дста контроверзно бидејќи тие можеа да гласаат само од 1. до 5. за сите пет финалисти и да не ги повторуваат дадените поени. Откако се виде кои тројца одат понатаму Нина Бадриќ, Грашо и Тончи Хуљиќ напоменаа дека се шокирани од тоа кои отпаднале…


Видеото можете да го погледнете ТУКА


Фото: Принтскрин

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …