КУЌАТА на Добрица Васиќ од Пирот, во југоисточна Србија,станала вистински хит на интернет поради „градската џунгла“ која ја засадил на кровот.
Пекарот Добрица, куќата почнал да ја гради уште во 1975. година па после дошол до кровот, кога му паднало на памет дека мора да направи нешто според што ќе се препознава подалеку од Балканот. Прво насадил, ружи и бршлен, а кога во 1978. година добил решение за потекло на имотот, веднаш се впуштил во расадникот по две жални врби кои не престанале да бујат оттогаш.
„Како што гледате дрвото расте. одамна беше кога ми дојде идејата да направам нешто што го нема во светот. Гарантирам дека никаде во светот го нема ова некој да насади дрвја на кровот на куќата. Многу труд и работа се вложени во ова“, изјавил Добрица во 2005. година во едно интервју за српска телевизија.
Откако фотката од неговиот кров е објавена на Фејсбук, многумина не можеле да се начудат како Васо успева ова да го одржува, но воедно се и воодушевени со неговата идеја. „Како е тоа можно? Да не е фотомонтажа? Каде се сиротите корени од овие дрвја?“, „Прекрасно. Секоја чест на овој човек кој е пред времето“, коментирале.