(ФОТО) КОРОНА ПОСЛЕДИЦИ: Соседите пријавиле дека старец и старица постојано плачат – а потоа дошла полиција!

Четворица италијански полицајци станале херои откако јавноста дознала дека утешиле осамена постара двојка во Рим.
Полицијата добила пријава дека некој плачел и викал во еден од становите, а кога пристигнале на спорната адреса, ги пронашле 84-годишната Јоле и нејзиниот 94-годишен сопруг Микеле, пишува Huffington Post.
Старите луѓе беа неутешно осамени и ги растажиле депресивните вести во весниците, што ги натерало да не можат да престанат да плачат.


Двојката нема деца, а бидејќи нивните најблиски соседи се оддалечиле, се чувствувале осамени и заборавени.
Затоа полицајците им зготвиле вечера, шпагети со пармезан, а потоа цела вечер ја поминале со нив за да ги развеселат.
Вести за внимателните полицајци наскоро се раширила во италијанските, а потоа и во светските медиуми.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изведба на претставата „Чернодрински се враќа дома“ вечерва во рамките на фестивалот Силјан Штркот

Вечерва со изведбата на претставата „Чернодрински се враќа дома“ од Младинскиот Театарски центар „Зона“ ќе …